Метода за ослободување на негативните емоции

Една прилично едноставна метода за лечење на потешки психички состојби може да ви помогне да се ослободите од негативните емоции и непријатните сеќавања. Станува збор за движење на очите 25 до 30 пати од лево на десно.emocii (1)

Звучи чудно, но сè поголем број на психолози започнуваат да ја употребуваат оваа техника.

Сите нормални сеќавања мозокот ги обработува така што ги става во контекст, а потоа исчезнуваат. Но, тоа не се случува со лошите спомени. Се сеќаваме, на пример, дека не треба да добираме жешки предмети или да избегнуваме одредени видови храна. Ова се обработени сеќавања.

Но, негативните сеќавања остануваат необработени и повремено се враќаат кога сме будни или во соништата, често со телесен одговор како болка или болест. Наместо да бледнеат, трауматичните сеќавања остануваат живи како од оној момент кога се случиле.

Траумата се чува во мозокот како жива слика со чувства и звук

Кога ќе ви се случи некој стресен настан, постои зголемена активност во делот на мозокот кој ги зачувува спомените поврзани со звук, допир и мирис. Затоа овие сеќавања не бледнеат и експертите тврдат дека влијаат на нашето однесување.

Секој од нас има барем еден пример на такви необработени информации кои „пливаат“ внатре во вашата глава и на кои од време на време се присетувате.

Психологот Франсин Шапиро која ја открила оваа метода, вели дека отприлика 10 до 20 необработени сеќавања има секој од нас во животот. Нејзината метода се базира на ставање на лошите сеќавања на вистинското место.

Како функционира?

Потребно е во моментот кога ќе се сетите на непријатната ситуација, кога ќе испливаат на површина негативните емоции, да ги вртите очите од лево кон десно 25 до 30 пати.

Психолозите веруваат дека ваквото мрдање на очите ни помага да ги обработиме емоциите на ист начин како што го правиме тоа додека спиеме.

Додека спиеме не можеме да се фокусираме на една работа, но додека сме будни можеме да се концентрираме и полесно да го процесираме негативното чувство.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o