Академија Пандев во Кочани против Осогово во реваншот од Купот на Македонија

Академија Пандев утре ќе гостува во Кочани кај Осогово, во реваншот од Купот на Македонија. Првиот натпревар кој што се одигра во Струмица заврши со резултат од 3:0 за „пандевци“.

Академија Пандев - Шкупи - Струмица - 7. коло ПМФЛ

Прволигашот од Струмица на овој натпревар повторно влегува како фаворит за нова победа и да обезбеди пласман во следната рунда од најмасовното натпреварување.

Главен судија на натпреварот ќе биде Илиоски Влатко од Прилеп, негови помошници ќе бидат Костоски Зоран и Смилкоски Марјан исто така од Прилеп. Четврт судија на натпреварот ќе биде Велевачкоска Ирена од Прилеп. Истатов Мишел од Нов Дојран ќе биде делегат на натпревар, додека контролор ќе биде Ангелов Орданчо од Неготино.

Покрај овој натпревар, утре се играат и натпреварите меѓу Силекс – Шкупи, Македонија ЃП – Брегалница, Работнички – Пелистер, Охрид – Лабуништа, Шкендија – Вардар, Струга Трим Лум – Борец и Ренова – Тиквеш.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o