Околу 5.000 ученици од основните училишта во општина Струмица секој работен ден ќе добиваат по едно јаболко

Сите ученици од прво до деветто одделение во основните општински училишта во градот и населените места, денеска, добија по едно јаболко. Со тоа и започна реализацијата на проектот „Здрав оброк за секое дете“ финансиран од буџетот на општина Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски ги посети учениците во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

 -Се работи за една ужинка, овошје, која треба да иницира промени во начинот на исхрана на нашите најмлади сограѓани, на нашите деца. Познато е дека во нашето општество, а тоа е и глобален проблем во светот, децата се повеќе имаат прекумерна тежина и немаат најздрави навики на исхрана и со овој проект сакаме да поттикнеме едно размислување, една иницијатива, која што секако треба да биде поддржана најмногу од наставниците, педагозите и секако од родителите, за кои верувам дека не секогаш на децата успеваат да им ги наметнат здравите навики. Мислам дека овој проект содржи многу потенцијал и се надевам дека најправилно ќе биде разбран од родителите, педагозите и наставниците и дека ќе придонесе децата заеднички да се стимулираат да ги променат своите навики, поздраво да се хранат, а со тоа обезбедуваме поздрав развој на нашите деца, ги потсетуваме на навика која што би требало да трае цел живот и која кај нив ќе создаде поголем потенцијал да размислуваат како би требало да се хранат во животот, рече градоначалникот Јаневски.

Во рамките на овој проект, секој работен ден, околу 5.000 ученици од основните општински училишта ќе добиваат по едно јаболко.DSC_0501_1600x1067 DSC_0509_1600x1067 DSC_0535_1600x1067 DSC_0543_1600x1067 DSC_0546_1600x1067 DSC_0548_1600x1067 DSC_0555_1600x1067 DSC_0556_1600x1067 DSC_0562_1600x1067 DSC_0564_1600x1067 DSC_0568_1600x1067

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o