Кучињата ја лечат депресијата, мачките срцето

Многу лекари препорачуваат дружење со одредени животни поради нивното терапевтско дејство врз оргазнизмот. Овој пристап во лечењето често се практикува во Италија, Франција, САД и Канада.

dogwalking_2492971b (1)

Одамна е познато дека сопствениците на кучиња се здрави и витални, како и дека почесто се смеат. Затоа психолозите и лекарите препорачуваат одредени животни поради нивното терапевтско дејство врз организмот. Многу бројни истражувања покажале дека домашните миленици навистина можат да помогнат, пред се, на емотивен план.

Кучето посебно се препорачува на меланхонични и осамени луѓе кои се склони на депресија. Сопствениците се принудени повеќе да се движат и да бидат физички активни, затоа што кучето сака активно да игра, а овој миленик ќе им помогне на родителите во големите семејства да се ослободат од стресот, затоа што децата со задоволство ќе сакаат да поминуваат време со своите миленици.

Чувањето на мачки го ублажува крвниот притисок, па нивното мазење делува како седатив и го нормализира пулсот, а најчеста причина на хипертензија е напнатоста. Освен тоа, мачките помагаат и подобро да заспиете, ја извлекуваат негативната енергиија и ги ублажуваат болките.

Птиците, кога се во кафез, имаат терапетско дејство. Нивното весело цврчорење и скокање, позитивни влијае на расположението на сопственикот, ја стимулира концентрацијата и ве ослободува од негативните мисли и од стресот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o