Како да престанете да јадете навечер

За многумина најслаткиот оброк во денот е вечерата во доцните часови, но сите добро знаеме колку таа не е добра за килограмите и воопшто нашето здравје. Ви претставуваме 5 трикови со кои ќе заборавите на најлошата навика.

hitportal-jadenje-navecer

1. Продолжете го времетраењето на оброцоти во денот за 5 минути

Ако за појадок ви требаат 5 минути – зголемете ги на 10. Правете го тоа 1 недела и потоа додадете уште 5 минути, за да станат вкупно 15. Да се храните побавно од почеток ќе ви се гледа смешно, глупаво, бескорисно, досадно, но постепено ќе се намали чувството за преоптовареност и тежина.

2. Правете кратки паузи по секој залак

Џвакајте полека, правете кратки паузи и фокусирајте се на вкусот на храната. Причината за да го забавите темпото на исхрана е едноставна – на вашето тело му требаат 15-20 минути, за да сигнализира дека е сито. Кога се храните побавно, ќе почувствувате дека ви е потребна помалку храна, што доведува до помалку консумирање на калории, па дури и губење на килограми.

3. Не јадете пред телевизор или компјутер

Јадењето треба да биде само на масата за јадење и никаде на друго место. Ако се храните додека ви е одвлечено  вниманието , нема да го забележите квалитетот на храната што ја јадете. Така потребите на вашиот мозок да се почувствува добро и задоволно од она што го јадете, нема да бидат задоволени и мозокот ќе ги пропушти сигналите кои вашето тело ви ги праќа и ќе јадете повеќе калории отколку што навистина се потребни. Престанете да гледате на исхраната како нешто што треба да го направите.

4. Јадете повеќе здрави масти , влакна и протеини

Овие хранливи материи ќе му помогнат на вашето тело да се чувствува  задоволно без еден куп непотребни калории. Добри извори на здрави масти се ореви, јајца, маслиново масло, авокадо и риба. Можете да најдете влакна во овес , малини , портокали , кафеав ориз , хумус и зеленчук. Високо протеинските храни пак вклучуваат чисто месо, јогурт, грав и млеко.

5. Испијте чаша ладна вода

Чувствата за глад и жед често можат да бидат помешани, но не помага и фактот дека голем дел од нас ги поминуваат деновите во една вечна состојба на дехидрација. Пред да земете дури и еден залак, наполнете чаша ладна вода и испијте ја. Почекајте околу 15-20 минути. Ако сеуште сте гладни може да јадете.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o