ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Атлетико

ЖФК Тиверија Струмица запиша убедлива победа над екипата на ЖФК Атлетико од Битола со 12:0, во натпревар од 7. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Атлетико - Битола, 7. коло ПЖФЛ - во Струмица

ЖФК Тиверија после оваа убедлива победа е четврта на табелата со 16 бодови, додека Атлетико после поразот се сели на 11. место на табелата со шест освоени бодови. Стрелци на головите за ЖФК Тиверија беа: Димоска 6, Николовска 3, Божиновска, С.Велкова, Бошеска.

На овој натпревар ЖФК Тиверија Струмица настапи со следниот состав: Панчурова (с), Николова, Цунева, Недева, Бошеска, Панеска, С.Велкова, Божиновска, Р. Велкова, Николовска, Димоска, а играа уште и Василева, Головска и Митева.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра со ЖФК Истатов, екипа која е на осмата позиција на табелата со 7 освоени бодови.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o