Академија Пандев загуби во Велес од Борец

Фудбалерите на Академија Пандев загуби на денешното гостување во Велес од екипата на Борец со резултат од 1:0, во натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Борец - Академија Пандев - 12. коло ПМФЛ - Велес 2

Единствениот гол на натпреварот го постигна Прелчец во 80. минута од натпреварот. За велешани овие три бода се многу важни за да излезат од зоната за испаѓање. Академија Пандев со овој пораз останува на второто место на табелата со 24 освоени бодови, и има три помалку од лидерот Вардар.

Силекс во Кратово славеше минимална победа од 1:0, додека Ренова одигра нерешено 2:2 со Шкупи, Македонија ЃП ги подели бодовите со Ренова играјќи 0:0, а во саботата Работнички беше поразен со 0:2 од Вардар.

Во следното коло Академија Пандев дома ќе игра со Работнички, екипа која е на последното десетто место на табелата со 10 бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o