Академија Пандев втора, Вардар осамен на врвот на табелата во Првата лига

Денес беше одиграно 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, а лидер на табелата со 27 бодови е Вардар.

Ѓорги Стоилов - Академија Пандев

Вардарци со победата над Работнички во саботата, останаа осамени на врвот на табелата со 27 бодови. „Пандевци“ по поразот од Велес од Борец се втори на табелата, со освоени 24 бодови, или три помалку од лидерот од Скопје. Шкупи е трети на табелата со 17 бодови, а исто толку бодови има и Македонија ЃП која е четврта на табелата.

Актуелниот шампион Шкендија е петта на табелата и има 15 бодови, а исто толку бодови има и Силекс од Кратово, кој е шестти на табелата. Ренова по кризата од 3 порази и едно реми сега е на седмото место со 14 освоени бодови. Струга Трим Лум со исто толку бодови е на осмото место, а 14 бодови има исто така и Борец, екипа која е на деветтото место. На последното десетто место е Работнички со 10 освоени бодови.

Во следното коло, Академија Пандев дома ќе го пречека Работнички, Вардар ќе игра со Ренова, Шкупи ќе биде домаќин на Струга Трим Лум, Шкендија во Тетово силите ќе ги одмери со Борец, а Македонија ЃП ќе игра на домашен терен со кратовски Силекс.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o