Беласица по поразот во Пехчево се сели на второто место на табелата во ВМФЛ – Исток

Беласица по поразот што го претрпе во Пехчево од Кит Го со 2:0, се сели на второто место на табелата во Втората лига – Исток.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Кожуф со 23 бодови е новиот лидер на табелата, додека Беласица која сега е втора има бод помалку. Трети на табелата се фудбалерите на Брегалница кои имаат 21 освоен бод, Тиквеш од Кавадарци со 20 бодови останува на четвртото место на табелата. Кит Го-Пехчево е петти со 18 бодови, додека Каменица Саса со 13 бодови е на шесттото место. Плачковица од Радовиш со 10 освоени бодови е на седмото место, а седум бода има Победа која е осма на табелата. Осогово со 6 бодови е на деветтото место, додека Питу Гули е десетти со 3 освоени бодови.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Победа, Кожуф ќе го пречека Кит-Го, додека Плачковица во Радовиш ќе биде домаќин на Тиквеш од Кавадарци, Осогово ќе ги одмери силите со Брегалница во Кочани и Питу Гули повторно на домашен терен ќе игра со екипата на Каменица Саса.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o