Беласица загуби во Пехчево од Кит Го

Беласица на денешното гостување во Пехчево го претпре вториот сезонски пораз, откако со 2:0 Кит Го беше подобар, во натпревар од 10. коло од Втората лига – Исток.

Кит Го - Пехчево - Беласица - 10. коло ВМФЛ - Исток - во Пехчево

Домаќините рано го отворија резултатот, откако во 9. минута Дарко Алексовски постигна гол за 1:0. До крајот на првото полувреме мрежите мируваа. Во вторите 45. минута Кит Го постигна уште еден гол за конечни 2:0, а стрелец на овој гол беше повторно Дарко Алексовски, кој во 68. минута ја затресе противничката мрежа.

Беласица со овој пораз се сели на второто место на табелата во 22 освоени бодови, додека нов лидер на табелата е Кожуф со 23 бодови. Кит Го со својата петта сезонска победа е на петтото место на табелата со 18 освоени бодови.

Во Македонска Каменица, Каменица Саса со 2:0 беше подобра од Победа, Питу Гули во Крушево загуби со 1:3 од Осогово, Брегалница со 2:1 ја совлада Плачковица од Радовиш, додека во Кавадарци, Тиквеш го запиша вториот пораз во низа, откако со 0:1 Кожуф беше подобар.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Победа од Прилеп.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o