Секојдневни навики кои му штетат на здравјето

Некои работи што секојдневно ги правиме, без многу размислување, всушност лошо влијаат врз нашиот имунитет и здравјето.

 

glavobolka2 (1)

Имунитетот е исклучително важен и со него не би смееле да си играте, но верувале или не, дури и начинот на кој се карате со партнерот влијае врз начинот на кој вашето тело се бори против бактериите и вирусите, тврдат научниците.

Ноќните птици се први на удар на лекарите затоа што прескокнувањето на сонот има многу силно влијание на имунитетот – помал сон, помалку имунитет. Мажите кои спијат само четири часа има двојно помалку антитела од оние кои спијат 8 часа.

Антибиотиците ги прават бактериите отпорни и како последица од тоа, инфекциите стануваат се посериозни. Затоа, не барајте од својот лекар антибиотици за секоја глупост, туку само тогаш кога е навистина потребно и испијте ја целата терапија.

Пушачкото опкружување претставува голем ризик за имунитетот, затоа што и пасивното пушење е еднакво опасно како и активното, па избегнувајте зачадени простории кога и да е можно.

Недостатокот на движење, односно, возењето со автомобил секогаш и секаде делува штетно врз имунитетот затоа што, како што докажало едно истражување, оние кои го избегнуваат движењето биле на боледување двојно повеќе од оние кои се постојано во движење. Неделно е потребно минимум 30 минути вежбање за да се активираат белите крвни зрнца и да се поттикне имунитетот.

Покрај овие физички проблеми, врз имунитетот влијаат и разни психолошки фактори. На пример, луѓето со помалку социјални контакти, односно, оние без пријатели, имаат повеќе шанси да се разболат и потешко се опоравуваат од оние кои имаат повеќе пријатели.

Песимистичниот поглед на свет исто так го скратува животот и го компромитира имунитетот, додека пак оптимистите имаат докажано посилен имунитет и природни антитела.

Ако на сето тоа му го додадете и стресот кој го намалува бројот на антитела, како и држењето на чувствата во себе, дефинитивно сте на пат да се разболите. Како што покажале истражувањата, конструктивните кавги го јакнат имунитетот и го поттикнуваат растот на бројот на белите крвни зрнца, за разлика од кавгите полни со сарказам, злоба и иронија, а не е неважен и начинот на кој ги решавате проблемите со партнерот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o