Светот на Биби, Александра Јанева, Атанас и Тино на првиот Family Day во недела

Агенцијата Евентум го најавува првиот семеен ден во Струмица во градскиот парк кај Чешмичката. Адиент семејниот ден со наслов „Ние сме семејство” ќе се одржи во недела, 27 октомври со почеток од 11:30 часот.биби

Организаторите најавуваат четиричасовна бесплатна програма од отворен карактер за сите возрасти. Низ настанот публиката ќе ја води мултиталентираното дуо-водители и актери Атанас и Тино. За најактивните деца и родители ќе бидат доделени бројни награди и изненадувања.

На сцена ќе ги видиме настапите на локалното танцово студио One Way, а за музичко уживање ќе биде задолжена поп-пејачката Александра Јанева.

За најмалите ќе биде поставено креативно уметничко катче, збогатено со многу детски игри, боенки, суперхерои, маскоти. Како најголемо изненадување ќе биде гостувањето на популарната сезнајка Биби oд „Сказните на Биби” кои се вистински хит меѓу децата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o