Познати судиите за натпреварот помеѓу Кит Го-Пехчево и Беласица

Беласица утре ќе гостува во Пехчево, каде ќе го одигра натпреварот од 10. коло од Втората лига – Исток, против екипата на Кит Го.

Беласица - Кит-Го Пехчево - 1. коло - ВМФЛ - Исток 15Бела

Главен судија на овој натпревар ќе биде Стојановски Марјан од Кичево, додека негови помошници ќе бидат Цветаноски Давор и Дејаноски Мартин исто така од Кичево. Четврт судија на натпреварот ќе биде Дејаноски Марјан исто така од Кичево.

За делегат на натпреварот одреден е Танев Ристо од Гевгелија, додека за контролор одреден е Неделкоски Златко од Скопје.

Натпреварот се игра на Стадионот во Пехчево, со почеток од 14:30 часот.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o