Беласица утре гостува во Пехчево кај Кит Го

Екипата на Беласица утре ќе гостува во Пехчево, каде во рамките на 10. коло од Втората лига – Исток ќе игра против Киг Го.

Беласица - Кит-Го Пехчево - 1. коло - ВМФЛ - Исток 15

По 9 одиграни кола, Беласица е на првото место на табелата со 24 освоени бодови, додека Кит Го е на петтото место со 15 освоени бодови. Во првото коло од оваа сезона, Беласица со 3:0 во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ славеше убедлива победа над Кит Го.

Овој натпревар за струмичани ќе биде доста важен во борбата за задржување на првото место на табелата. Натпреварот се игра на Стадионот во Пехчево со почеток во 14:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o