Академија Пандев на делба на првата позиција со Вардар

По 11. одиграни кола, екипата на Академија Пандев е на делба на првото место на табелата со Вардар со по 24 бодови.

FB_IMG_1571844102685

Во средата беше одиграни 11. коло, а Академија Пандев запиша убедлива победа со 4:0 над Македонија ЃП. Во Тетово, актуелниот шампион Шкедија со 3:0 го декласираше Силекс, додека Вардар со 2:0 беше поуспешен од Борец. Шкупи со 2:0 го победи Работнички, а Струга Трим Лум со минимални 1:0 славеше над Ренова.

„Пандевци“ се на првото место со 24 бодови, а исто толку има и Вардар кој е втор на табелата. На третото место е Шкупи со 16 бодови, а исто толку бодови има и Македонија ЃП која сега е четврта. Шкендија со 14 бодови е на петтото место, а исто толку бодови има и Струга Трим Лум која е шестта. Ренова со 13 бодови сега е седма, додека Силекс од Кратово со 12 бодови е осми на табелата. Борец со 11 освоени бодови е на деветтото место, додека Работнички со 10 бодови е на последното десетто место.

Викендот се игра 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев гостува во Велес кај Борец, Македонија ЃП дома игра против Шкендија, Работнички ќе биде домаќин на Вардар во големото дерби, Ренова ќе ги одмери силите на свој терен против Шкупи, додека Силекс ќе биде домаќин на Струга Трим Лум.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o