Академија Пандев гостува во Велес кај Борец

Академија Пандев во недела ќе гостува во Велес, каде ќе го одигра натпреварот од 12. коло против екипата на Борец.

Академија Пандев - Борец - 3. коло ПМФЛ 6

Во овој натпревар „пандевци“ влегуваат како фаворити за победа, поради подобрата форма и екипа. Првиот натпревар меѓу овие две екипи од оваа сезона, заврши со победа од 2:0 за Академија Пандев, а натпреварот се играше во Струмица на „Благој Истатов“.

Во моментот Академија Пандев е на делба на првото место на табелата со Вардар со по 24 бодови, додека екипата на Борец е деветта и има 11 освоени бодови.

Натпреварот се игра со почеток од 13:30 часот на Градскиот стадион во Велес.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o