Академија Пандев со убедлива победа над Македонија ЃП

Екипата на Академија Пандев запиша убедлива победа, откако денес на стадионот “Благој Истатов” во Струмица, со 4:0 ја победи Македонија ЃП, во натпревар од 11. коло од ПМФЛ.

FB_IMG_1571844102685
Со ова победа “пандевци” остануваат на делба на првото место заедно со Вардар, со по 24 бодови, додека Македонија ЃП сега е четврта со 16 бодови.

Шкендија во Тетово со 3:0 беше подобра од Силекс, Шкупи со 2:0 запиша нова победа над Работнички, Струга Трим Лум минимално со 1:0 славеше над Ренова, додека Вардар со 2:0 по победи Борец.

Во следното коло Академја Пандев ќе гостува во Велес кај Борец.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o