Ученици од Струмица учествуваа на маратонот во Бугарија

Во организација на средното стручно училиште НПГ „Димитар Талев“ од градот Гоце Делчев, Република Бугарија, викендот се одржа маратонот „Неврокоп трча“ на кој што учествуваа 150 натпреварувачи во четири категории, учествуваа и 14 ученици од основни и средни училишта од Струмица. Во категоријата основни училишта првото место го освои Симона Кирова, а второто Викторија Трајкова и двете ученички од ООУ „Никола Вапцаров“ и во категоријата средни училишта второто место го освои Елена Стојкова од СОУ „Никола Карев“ и третото место Никола Сирачев од СОУ „Димитар Влахов“. Средното општинско училиште „Никола Карев“ има воспоставено соработка со средното училиште НПГ „Димитар Талев“ и на 23 октомври ќе го посетат училиштето и ќе разменат искуства за образованието, а возвратната посета во Струмица е планирана за во ноември годинава.72856731_2417851798268236_1718048181813510144_o 73119247_2417851788268237_2728633383604191232_o 74292881_2417851804934902_6825813385469231104_n

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o