Спартмани со минимален пораз од Дојранско Езеро

Екипата на Спартмани запиша минимален пораз од 0:1 од Дојранско Езеро на домашен терен, во натпревар од 6. коло од Третата лига – Југоисток.

За фудбалерите на Спартмани ова е петти сезонски пораз на исто толку одиграни натпревари, и се уште немаат освоено бодови, додека Дојраско Езеро ја запиша втората сезонска победа и се на седмото место на табелата со 6 освоени бодови.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Слога со 3:0 на домашен терен беше убедлива над Младост Удово, исто така со 3:0 славеше и Детонит против Малеш во Радовиш. Брегалница Сениори со 0:1 беше поразена од Овле Поле, додека Василево со 2:0 беше подобар од Раклиш.

Со по 15 бодови на делба на првото место се Слога, Овче Поле и Василево. Четврта е Тиверија со 12 бодови, по 9 бодови имаат Детонит кој е деветти и Брегалница Сениори која е шестта. Дојранско Езеро со 6 бодови е седми, а Раклиш од Радовиш е осми со 3 бодови, исто толку бодови има и Младост Удово кој е деветти. На десеттото место е Спартмани, додека Малеш е на 11 место, и двете екипи немаат освоено бодови.

Во следното коло Спартани во Берово ќе гостува кај Малеш, дерби од дното на табелата, и што е интересно можност за освојување на првите бодови за двете екипи кои се уште немаат освоено бодови.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o