На делба на првото место со по 21 бод се Академија Пандев и Вардар

Викендот се одигра 10. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото беше отворено со натпреварот кој се одигра во петокот во Тетово, меѓу Шкендија и Академија Пандев. Гостите од Струмица со 0:1 запишаа важна победа над актуелниот шампион Шкендија.

Screenshot_20191018-155858_Chrome

Македонија ЃП на домашен терен одигра 1:1 со Вардар, додека Борец во Велес дојде до значајна победа во борбата за опстанок против Шкупи со 2:1. Работнички на свој терен повторно беше поразен од Струга Трим Лум со 1:2, а Силекс во Кратово со високи 3:0 ја декласираше Ренова.

Во однос на табелата, Вардар и Академија Пандев со по 21 бод се на делба на првото место, додека третопласирана е Македонија ЃП со 16 бодови. Шкупи е четврти додека Ренова петта со по 13 бодови. Силекс е шестти со 12 бодови, додека Шкендија која е седма, Струга осма и Борец деветти имаат по 11 бодови, на последното место е Работнички со 10 бодови.

Во следното коло кое се игра во среда Академија Пандев на домашен терен ќе игра против Македонија ЃП, Шкендија во Тетово ќе го пречека Силекс, Вардар на домашен терен ќе игра со БОрец, Шкупи е домаќин на Работнички, а Струга Трим Лум во Струга ќе игра со Ренова.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o