Зошто не треба да го спречувате кивањето?

Го правите омилениот специјалитет и на самиот крај започнувате со додавање на бибер, а многу бргу започнува она типично чувство кое ви се случува пред самиот чин на кивање. Ве чеша носот, очите ви солзат и одеднаш целата кујна се исполнува со громогласно кивање.

kivanje

Кивањето може да достигне брзина и до 160Km/h и не би требало да се спречувате, односно да го задржувате процесот кој го прочистува организмот.

Така можете да се доведете до сериозна опасност.

Запомнете секој пат кога ќе се обидете да го спречите кивањето дека самиот процес се одвива со голема брзина и под голем притисок кој мора некаде да се ослободи, па ако се спречувате тој притисок најчесто оди во некој друг орган.

Со спречувањето, притисокот најчесто оди во ушите и може да дојде до пукање на ушното тапанче, губење на слухот и вртоглавици.

Меѓу другото, може да дојде до оштетување на очните капилари, односно некои од нив да пукнат од силниот притисок.

Постојат и далеку посериозни проблеми кои за среќа се екстремно ретки.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o