Беласица на првото место на табелата во Втората лига – Исток

Вчера се одигра 9. коло од Втората лига – Исток, каде беа одигра два дерби дуели. Во првиот дерби дуел Беласица со 1:2 славеше на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш, додека во вториот дуел Брегалница со 3:0 го декласираше Кожуф од Гевгелија.

Screenshot_20191020-145417_Chrome

Осогово на домашен терен беше „прегазен“ од Каменица Саса со високи 2:5. Во Крушево, Питу Гули загуби со минимални 0:1 од Плачковица, додека Кит Го – Пехчево со 2:1 запиша победа над Победа.

Беласица е прва на табелата со 22 бодови, додека Кожуф и Тиквеш ја делат втората позиција со по 20 бодови. Четвртопласирана е Брегалница со 18 бодови, а Кит Го е петти со 15 бодови. Каменица Саса е шестта со 10 бодови, исто толку има и Плачковица која е седма. Победа од Прилеп со 7 бодови е на осмото место, Осогово деветти со 3 бодови, исто толку има и Питу Гули кој е десетти на табелата.

Во следното коло Беласица ќе му гостува на Кит Го, Каменица Саса ќе биде домаќин на Победа, Тиквеш на домашен терен ќе игра со Кожуф, Брегалница на домашен терен силите ќе ги одмери со Плачковица од Радовиш, додека Питу Гули во Крушево ќе игра со Осогово.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o