5 начини на кои витаминот Ц ве разубавува

Здравствените придобивки до сега ги научивте на памет, па затоа денес ве запознаваме со поубавата страна на витаминот Ц.

vitamin_c (1)

Овие 5 третмани можете да ги замените со витамин Ц уште денес:

1. Здрава и долга коса

Наместо да користите различни средства и козметики, доволно е да јадете намирници како јагоди, слатки компири, мали црвени пиперки… Или пак сите состојки заедно издробете ги и нанесете ги на косата како маска. Оставете ја да делува 20 минути и исплакнете.

2. Вишок енергија

Наместо јога и духовни вежби, доволни ви се неколку сокови богати со витамин Ц во текот на денот. Комбинирајте ги омилените овошја и направете си своја енергетска бомба.

3. Долги и негувани нокти

Растот на ноктите лесно може да се подобри ако консумирате поголема количина на витамин Ц. Можете и да подготвите купка за раце од млака вода и свежо цеден лимон, наместо да давате цело богатство за маникир.

4. Ги спречува заноктиците

Нема подобар маникир од лимонот. Витаминот Ц за само неколку минути ќе ви помогне да се ослободите од заноктиците, без дополнителни третмани.

5. Ги брише брчките

Жените во средната доба е најпаметно да земаат зголемена количина на витамин Ц и да го консумираат преку свежа храна. Наместо да се оптоваруваат со скапи креми, доволно е да подготват маска од киви и половина папаја која ќе делува 20 минути.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o