Неколку причини зошто никому не треба да се докажувате

Понекогаш на секого му се случило да сака да се покаже пред целиот свет дека нема никакви мани, дека треба да биде ценет и почитуван, а најважно од сè, прифатен.

samopochit

Но, секогаш кога ќе посакате да се докажете пред другите, имајте го на ум ова. Вашата убавина лежи во вашата ранливост, во сложеноста на вашите емоции и вашата автентична несовршеност.

Нема потреба да носите маска:

Луѓето кои вредат да ги импресионирате сакаат да бидат само свои

На долги патеки, подобро е да не ве сакаат поради она што сте, отколку да ве сакаат за она што не сте. Игнорирајте ги споредувањата и очекувањата кои ви тропаат на врата. Секогаш докажувајте се на себе, не на другите.

Никој друг не знае што е најдобро за вас

Не се губете во потрагата за прифаќање од другите луѓе. Одете по својот пат самоуверено и немојте да очекувате дека било кој друг ќе го разбере вашиот пат.

Вие сте единствена личност кој може да си го промени животот

Без оглед на ситуацијата, другите не се одговорни за вашиот живот, туку самите вие. Потребно е само да сфатите дека сте способни да го промените својот живот, а понатаму сè оди лесно.

Животот не е трка

Не брзајте да поминете низ животот. Концентрирајте се на секој можен момент, не мислете на докажување и не избрзувајте да дојдете до нешто само затоа што другите го очекуваат тоа од вас.

Невозможно е да ги задоволите сите

Некои луѓе секогаш ќе имаат начин како да ви потенцираат некоја ваша маана токму затоа, не се концентрирајте на грешките кои другите ви ги укажуваат, туку на оние кои самите вие ги перципирате.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o