Дали се сакате и почитувате себеси доволно?

Животот е премногу краток за да се грижите што мислат другите. Ако не се сакате себеси доволно, никој друг нема да ве сака.

woman-thinking

Меѓутоа, кога доволно се сакате тогаш ви е многу полесно во животот да постигнете други, многубројни цели.

Следните знаци ќе ви помогнат да откриете дали вистински го сакате и цените она што сте:

1. Не се чувствувате слободни да бидете тоа што сте

Не верувате дека сте доволно добри за да им го покажете тоа на другите. Малку глумите како би ги воодушевиле. Се обидувате да бидете она што мислите дека треба да бидете.

2. Не се чувствувате слободни да ги изразите своите идеи

Нешто ве спречува и не ви дозволува да ги изразите идеите како што сте ги замислиле. Постои глас кој постојано ви вели дека не се доволно добри и како туѓите мисли се секогаш повредни и подобри.

3. Не поминувате доволно квалитетно време со себе

Кога сте сами, едноставно не уживате, туку се чувствувате осамено и бескорисно.

4. Не сте искрени кон својата внатрешна природа

Немате самодоверба за својата внатрешна природа да ја гледате како убавина за која треба да се грижите. Потребно е да сфатите како искреноста кон вашата внатрешна убавина е всушност суштината на вашето битие кое испливува низ секоја ваша пора и има инспиративно влијание на луѓето околу вас.

5. Не си давате себе доволно пофалби и комплименти

Дури и кога ќе направите нешто големо, едноставно никогаш не ви текнало да си поделите комплимент и да се охрабрите.

6. Не го цените она што го правите

А, правите многу за семејството и пријателите и им помагате на начини на кои можеби не сте свесни. Понекогаш сосема нормално е да признаете дека сте заслужни за позитивното влијание на другите луѓе, но ако не го правите тоа воопшто, тоа е знак дека не се почитувате.

7. Не сте во состојба да се отворите пред оние кои ги сакате

Не сакате да ги делите своите внатрешни тајни и мисли дури ни со оние кои ги сакате. Личните работи ги држите за себе за да се заштитите. Една од причините зошто го правите тоа е затоа што мислите дека некој друг оптоварувате со вашите грижи и проблеми.

8. Не сте во состојба да сте забавни кога сте сами

Кога сте сами, сите ваши стравови и несигурности избиваат на површина. Не знаете да останете смирени и постојано барате нешто што ќе ви го окупира вниманието.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o