Познати судиите за натпреварот меѓу Шкендија и Академија Пандев

Утре фудбалерите на Академија Пандев во Тетово ќе го одиграат натпреварот од 10. коло од Првата лига против екипата на Шкендија.

Академија Пандев - Шкендија - 1. коло - Младост - Струмица 5

„Пандевци“ по 9. одиграни кола се на второто место на табелата со 18 освоени бодови, додека актуелниот шампион Шкендија е на шесттото место со 11 освоени бодови. Во првото коло Академија Пандев во Струмица со 1:0 го совлада шампионот Шкендија.

Главе судија на натпреварот ќе биде Маркоски Марјан од Охрид, додека негови помошнци ќе бидат Маркоски Слаѓан и Таравари Ебрар од Гостивар. Четврт судија ќе биде Бакрачески Разме од Струга. За делегат на натпреварот одреден е Јовановски Гоце од Битола, додека за контролор е Сеља Илир од Струга.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o