Познати судиите за натпреварот меѓу Тиквеш и Беласица

Беласица во недела ќе гостува во Кавадарци, каде ќе игра дерби натпревар од 9. коло од Втората лига – Исток, против екипата на Тиквеш.

Screenshot_20191013-153129_Chrome

Овој натпревар е важен и за двете екипи, во борбата за нови три бода. Тиквеш е втор на табелата со 20 бодови, а исто толку бодови има и Кожуф кој сега е на првото место на табелата. Беласица со 18 бодови е на третото место на табелата.

Главен судија на овој натпревар ќе биде Мечкаровски Димитар од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце од Скопје.

Костенчев Никола од Скопје биде четврт судија на натпреварот. За делегат е одреден Пишмановски Марјан од Битола, додека за контролор Ристески Марјан од Кичево.

Натпреварот се игра со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o