Што сè може да направите со лакот за нокти

Секоја жена во својот сет за маникир има барем еден проѕирен лак. Тој освен што ги разубавува ноктите и им дава сјај, може да биде корисен и за многу други нешта.

lak

Па, дали знаете што сè може да направите со лакот за нокти?

1. Да го заштитите накитот

Кога бижутеријата ќе дојде во контакт со вода, пот или мрсна кожа, некои делови се упропастуваат. Излакирајте тенок слој проѕирен лак врз делот од накитот кој ја допира вашата кожа и заштитете го од ‘рѓосување. Ова исто така ги спречува и алергиските реакции кај луѓето чија кожа е чувствителна.

2. Да го запрете кинењето на чорапите

На жените често им се случува со нокт да ги “поткачат” хулахопките. Малите дупчиња можат лесно да прераснат во шев кој се гледа долж целата нога. Ова ќе го спречите ако ставите капка проѕирен лак врз дупчето кое што настанало. Така тоа нема да продолжи да се шири.

3. Да ги залепите ковертите

Наместо да го лижете делот на кој што ковертот се лепи, тоа може да го направите и со лак за нокти.

4. Да ги зацврстите краевите на врвките

Се случува пластичниот дел на врвките да попушти со текот на времето. Со лак за нокти може да ги залепите краевите на врвките и притоа нема да мора да ја менувате облеката во последен миг.

5. Да го ублажите убодот од инсект

Комарецот ве изнервира со својот убод? Ако сè уште не сте го разраниле местото на убодот, ставете капка лак и тоа повеќе нема да ве фрустрира.

6. Да го ограничите вносот на сол

Зачепете со проѕирен лак неколку дупчиња на соларникот, па така во иднина ќе додавате и помалку сол во јадењата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o