РК Астраион утре гостува кај РК Алушевски

Ракометарите на Астраион ќе гостуваат во Скопје кај екипата на РК Алушевски, во натпревар од 6. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

АРХИВА

АРХИВА

Во овој натпревар Астраион е фаворит за нова победа, а доколку ја оправдат фаворитската улога ќе се зацврстат и на лидерската позиција. Екипата на РК Алушевски се уште нема освоен бод и се наоѓа на последното место, додека Астраион со 10 бодови е на првото место.

Судиска двојка на овој натпревар ќе биде Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Цано Куртовиќ исто така од Скопје.

Натпреварот се игра утре (четврток) со почеток од 15:00 часот во Салата „А. Димитров“ во Бутел.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o