Колку стресот навистина влијае на побелувањето на косата?

Научниците тврдат дека на Марија Антоанета и побелела косата преку ноќ пред да биде обезглавена. Некои сметаат дека стресот поради престојните настани може да предизвика седа коса.

stressot

Други пак не ја сметаат приказната за вистинита, но истовремено признаваат дека стресот дефинитино има влијание врз процесот на добивање седа коса. Секој слушнал по некоја приказна околу оваа тема.

Косата која го изгубила меланинот е седа коса.

Косата на жените обично почнува да им белее околу триесет и петтата година. Кај мажите тоа се случува околу триесеттата година. Зависно од генот и општото здравје, првото бело влакно може да се појави во средношколските денови или после педесеттата година.

За да разберете дали вашата коса станува седа поради тоа што вашето дете влегува во пубертет, потребно е да сфатите нешто од човечката филозофија. Вообичаено, човечката глава има 100.000 фоликули, од кои од секоја клетка во текот на животот никнуваат по неколку влакна.

На дното на секоја фоликула се создава бојата на косата која зависи од пигментот меланин. Косата која изгубила повеќе меланин е седа, а косата која го изгубила меланинот целосно е бела коса.

Сè уште се испитува дали стресот е фактор за седа коса, но во секој случај треба да се одвои хроничниот од акутниот стрес, што бил случај кај Марија Антоанета.

Смалување на стресот

Истражувањето објавено во магазинот „Nature Magazine“ тврди дека постои врска меѓу долготрајниот стрес и бојата на косата. Хормоните кои телото ги произведува како одговор на стресот можат да ги исцрпат матичните клетки на меланинот која ја одредува бојата.

Стресот влијае врз матичните клетки да ги напуштат фоликулите на косата, оставајќи ја седа или бела. Според други истражувања, стресот влијае на преживување и активност на меланинот, но нема јасна врска меѓу стресот и седата коса, тврдат научниците од Америка.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o