Беласица ремизираше со Брегалница

Беласица одигра нерешено во дерби натпреварот со Брегалница играјќи 0:0, во натпревар од 8. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Иако немаше голови на овој натпревар, на стадионот „Благој Истатов“ се гледаше одличен натпревар со голем број на шанси. Двете екипи си ги поделија бодовите.

Screenshot_20191013-153129_Chrome

Со оваа реми екипата на Беласица е трета на табелата со 19 бодови, додека Брегалница со 15 бодови е на четвртотот место. На табелата има нов лидер, а тоа е екипата на Кожуф од Гевгелија со 20 бодови, исто толку бодови има и Тиквеш кој сега е втор на табелата.

Во следното коло Беласица ќе има повторно дерби дуел, овој пат на гостински терен кај екипата на Тиквеш во Кавадарци, додека Брегалница ќе игра на домашен терен против Кожуф од Гевгелија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o