Беласица на третото место во Втората лига – Исток, Кожуф нов лидер на табелата

Викендот беше одиграно 8. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток, а најголемо внимание привлече дербито помеѓу Беласица и Брегалница.

Screenshot_20191013-153244_Chrome

Колото беше отворено во петокот со два натпревари. Во првиот Победа на домашен терен успеа да одигра 2:2 со Тиквеш од Кавадарци и дојде до бод многу значаен во борбата за опстанок, додека во вториот натпревар Плачковица со 2:1 го совлада Осогово во Радовиш.

Во саботата во Македонска Каменица, Каменица Саса претпре убедлив пораз од 0:3 од екипата на Кит Го – Пехчево, а во Гевгелија, Кожуф со 6:1 го декласираше Питу Гули од Крушево.

Вчера се одигра и големото дерби на колото во Струмица на „Благој Истатов“ меѓу Беласица и Брегалница. Овој натпревар заврши без победник, со резултат од 0:0.

8. коло носи нов лидер на табелата, а тоа е екипата на Кожуф од Гевгелија со 20 бодови, исто толку бодови има и Тиквеш кој сега е втор. Беласица со 19 бодови е на третото место на табелата, додека штипска Брегалница со 15 бодови е на четвртата позиција. Кит Го – Пехчево има 12 освоени бодови и се наоѓа на петтото место. Каменица Саса со 7 бодови е шестта, Плачковица исто така со 7 бодови е седма, а исто 7 бодови има и Победа која е осма. Осогово од Кочани е деветти со 3 освоени бодови, а исто толку има и Питу Гули кој е последен на 10-тото место.

Во следното коло Беласица повторно ќе игра дерби натпревар на колото против Тиквеш во Кавадарци, Осогово ќе игра на домашен терен со Каменица Саса, Питу Гули ќе биде домаќин на Плачковица, Брегалница ќе игра дерби со Кожуф од Гевгелија, Кит Го – Пехчево ќе биде домаќин на победа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o