Познати судиите за дерби натпреварот меѓу Беласица и Брегалница

Во недела на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Беласица ќе го одигра дерби натпреварот со Брегалница од Штип, во натпревар од 8. коло од Втората лига – Исток.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Главен судија на овој натпревар ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид, а негови помошници ќе бидат Бакрачески Разме од Струга и Дрнковски Николче од Битола. Четврт судија на натпреварот ќе биде Ралевски Благојче од Битола.

За делегат на натпреварот е одреден Петров Благоја од Велес, додека за контролор одреден е Петковски Зоран, исто така од Велес.

Во моментот Беласица е на второто место со 18 бодови, и само бод помалку од првопласираниот Тиквеш, додека Брегалница има 14 бодови и се наоѓа на четвртото место на табелата. Струмичани веќе во следното 9. коло играат повторно дерби натпревар со Тиквеш во Кавадарци.

Натпреварот меѓу Беласица и Брегалница ќе се игра со почеток од 15:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o