Норвежанец извел потфат на кој би му позавидел и Брус Вилис

Млад Норвежанец во вистински холивудски стил спречил кражба на својот автомобил возејќи се на неговиот покрив само по гаќи на -17 Целзиусови степени, информираа во среда локалните медиуми.norvezanec

„Тоа не би успеал ни Брус Вилис“, рече Јан Несланд, шеф на полицијата во Рандесунд, на југот на Норвешка.

Овој 25 годишник среде ноќ го разбудил звукот на моторот на неговиот автомобил паркиран пред куќата. Истрачал надвор на снегот само по гаќи. Потоа успеал да се фати за кваката на автомобилот кој почнувал да се движи и некако се искачил на покривот. Така на -17 степени се возел неколку километри. Несланд рече дека автомобилот на моменти се движел со брзина од 90 километри на час.

Во некој момент успеал со коленото да го скрши задниот ветробран и да го збуни крадецот, кој со автомобилот удрил во банкина покрај патот и запрел.

„Такво однесување никако не препорачуваме, но она што го направил е необично. Мислам дека тоа не може да се види ниту на филм“, рече шефот на полицијата за норвешката телевизија.

Деликвентот, кој претходно и бил познат на полицијата, бил уапсен, а локалниот ‘Брус Вилис’ е во болница каде што ги лекува повредите на нозете и колениците.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o