Спартмани гостува кај Младост Удово

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци, во 5. коло од Третата лига – Југоисток ќе гостува кај Младост од Удово.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Двете екипи се уште се без освоени бодови. Спартмани е последен на табелата без бодови, додека Младост Удово е деветти исто така без бодови. Покрај овие две екипи, без бодови се уште е и екипата на Малеш од Берово, која во моментот е на десеттото место на табелата.

Беровски Малеш во 5. коло ќе игра на домашен терен против Василево, гостите на овој натпревар важат за апсолутни фаворити за победа. Во Свети Николе, Овче Поле ќе ја пречека Тиверија од Струмица, Дојранско Езеро ќе биде домаќин на Детонит од Радовиш, а Раклиш на градскиот стадион во Радовиш ќе биде против Брегалница од Делчево.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o