Ослободете се од стресот со 5 минутна масажа на прстите

Масажата се применува со векови и се смета за едно од најефикасните средства за зачувување на здравјето. Не ви е потребно да посетувате козметички салон за масажа, туку одвојте само 5 минути од вашето време.stres

Во кое било време од денот, на работа или на одмор со оваа масажа постигнувате максимален ефект за минимално време.

Постапката на масажата е следна:

Вежба 1

Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, а потоа нежно протресете за да ја ослободите мускулната напнатост. Малиот прст вратете го назад со тоа што ќе го движите во правецот на стрелките на часовникот, а по 10 секунди променете го правецот. Направете ја истата вежба и на другите прсти од вашите раце.

Вежба 2

Притиснете го коренот на секој прст, бидејќи секој е поврзан со одредена функција од нашето тело. Така на пример, со притискање на коренот од палецот ги ослободувате дишните патишта и носните празнини, бидејќи на крајот од палецот се наоѓа рефлексната зона врзана со белите дробови.

Вежба 3

Со едната рака направете тупаница, но внимавајте да оставите малку слободен простор во неа и во него ставете го палецот од другата рака. Потоа стиснете ја посилно тупаницата, обидувајќи се да го извлечете палецот од неа, односно тегнете го. Истото направете го и со останатите прсти.

Вежба 4

За крај, протресете ги дланките. Потребно е во нив да почувствувате топлина и олеснување.

Нашите прсти работат за нас и затоа е потребно да им обрнеме внимание, да ги опуштиме и тие ќе возвратат со тоа што од нас ќе го отстранат стресот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o