Најдобри чаеви за слабеење

Ова се чаевите кои ќе ви помогнат во слабеењето. Проверете, некој од нив веројатно и веќе имате дома. Точно дека чаевите можат да бидат добар сојузник во намалувањето на килограмите, но треба да знаете дека за постигнување на резултати најважна е промената на лошите животни навики. Со самото пиење чаеви нема да се постигне целосен ефект.caj

Зелен чај

За да се произведе зелен чај, свежо напраните листови брзо се ставаат на пареа за да се деактивираат ензимите и на тој начин е спречена ферментација. Токму поради таа минимална обработка зелениот чај содржи големи количини фармаколошки активни состојки на полифенолот – катехини кои поттикнуваат губење на телесната маса, но и благотворно делуваат на целокупното здравје.

Најзначајниот катехин на зелениот чај се нарекува епигалокатехин-3-галат , и токму тој е заслужен за оксидација на мастите и намалување на масното ткиво.

Покрај докажаните ефекти при слабеењето, зелениот чај е ефикасен и во чистење на организмот, бидејќи се покажало дека го зголемува производството на клучните детоксикациски ензими и на тој начин поттикнува излачување на штетните материи од организмот.

Оолонг чај

Оолонг ајот е полуферментиран чај на граница меѓу црн и зелен чај, познат како „ароматичен непријател на мастите“ бидејќи ефикасно го намалуа создавањето на масни наслаги и поттикнува слабеење.

И тој изобилува со полифеноли кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија потребна за варење, асопрција и метаболизам на храната.

Препорачаната дневна доза од овој чај е две шољи дневно.

Чај од хибискус

Хибискусот е еден од најубавите цветови од тропските земји. Има препознатива црвена боја и киселкаста арома, како и благотворни својства кои се ценат со векови наназад. Едно од тие својства е регулацијата на телесната маса.

Хибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат во детоксикација на организмот. Хибискусот воедно е и диуретик, па го намалува чувството на подуеност.

Најдобрите ефекти се постигнуваат ако пиете чај од хибискус еднаш до два пати дневно.

Чај од коприва

Во денешно време овој чај намногу се користи при воспаление на мочните патишта и при камчиња во бубрезите, но и како помош за лечење на ревматски тегоби. Сепак, овој чај е одличен и за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина.

Листовите коприва содржат многу хлорофил, органски киселини и 10% минерални соли со доста калциум, калиум, фосфор и железо.

Не се забележани несакани последици при неговото користење, а единствена нуспојава може да бидат желудочни тегоби. Овој чај не се препорачува за оние кои земаат лекови за разредување на крвта.

Чај од лотус

Билката лотус е повеќегодишна водена билка позната како лековито средство во кинеската и индиската традиционална медицина. Значаен дел од хемискиот состав на оваа билка претставуваат полифенолите кои благотворно делуваат на здравјето. Се користи како средство за намалување на крвниот притисок и како намирнициа против стареење на организмот, а едни неодамнешни истражувања покажале и дека влијае во намалување на телесната маса.

Истражувањето покажало дека екстрактот од лотус значајно ја намалува акумулацијата на триглицериди во масното ткиво, а го зголемува разградувањето на масните наслаги.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o