Дерби натпревар во Струмица меѓу Беласица и Брегалница

Во недела, во рамки на 8. коло од Втората лига – Исток, во Струмица на „Благој Истатов“ ќе биде одиграно големото дерби помеѓу екипите на Беласица и Брегалница од Штип.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Бодовите од овој натпревар се важни и за двете екипи во борбата за првото место на табелата, место кое директно обезбедува влез во Првата лига. Во моментот лидер на табелата во Втората лига – Исток е Тиквеш со 19 бодови, Беласица е втора на табелата со само еден бод помалку, додека штипјани се четврти со 14 бодови.

Овој натпревар ќе биде дерби на колото и истиот ќе привлече големо внимание. Натпреварот се игра во недела со почеток од 15:00 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o