Спартмани убедливо декласиран од Слога на домашен терен

Екипата на Спартмани претпре нов пораз овој пат од Слога од Виница со високи 0:5 на домашен терен, во натпревар од 4. коло од Третата лига – Југоисток.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Спартмани остануваат на дното од табелата без ниту еден освоен бод, но и без постигнат гол на трите одиграни натпревари. Екипата на Слога ја запиша својата четврта сезонска победа и со максимални 12 бодови е на првото место на табелата, но исто толку бодови има и Тиверија од Струмица.

Во следното коло Спартмани гостува кај Младост од Удово, и оваа ќе биде натпревар каде Спартмани може да ги освое првите бодови, додека Слога во оваа коло е слободна.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o