РК Астраион со убедлива победа над Риниа М

РК Астраион на гостувањето кај екипата на Риниа М, забележа убедлива победа од 20:35, во натпревар од 4. коло од Првата ракометна лига – Група 1.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичките ракометари во текот на целиот натпревар имаа доминација. Во првиот дел резултатот беше 11:16, со што веќе се најавуваше убедлибата победа на Астраион. Во вториот дел предноста се зголемуваше за струмичани.

Ончев со 10 погодоци беше најдобар стрелец во редовите на Астраион, додека Стојанов имаше постигнато 7. Кај домаќините Емини со 7 погодоци беше најдобар стрелец.

Астраион има седум бодови и се наоѓа на третото место на табелата и заостанува само два бода во однос на Прилеп и Македонија ЃП кој имаат по 9 бодови, струмичани имаат натпревар помалку, бидејќи во првото коло беа слободни. Риниа М е осмопласирана со 1 освоен бод.

Во следното коло РК Астраион на домашен терен ќе игра против Јуниор К.В.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o