Направи сама: Маска која ги отстранува темните подочници

Ако имате мака со темните кругови под очите, пробајте ја оваа природна маска која со сигурност ќе ви помогне. Кожата во пределот под очите е посебно тенка и нежна. Крвните садови се исклучително мали и ослабената микроциркулација можа да доведе до натеченост на капаците, појава на брчки и темни кругови под очите. Овој дел од кожата треба редовно да се рехидрира и негува.Podocnjaci

За оваа маска ви е потребно:

● 500мл вода
● 70гр босилек
● 70гр листови од магдонос
● 3 листа зелена салата (по желба)

Како се прави:

Провријте ја водата и додадете ги сите состојки. Оставете ја смесата да се вари на ниска температура дваесетина минути, а потоа процедете ја течноста во стаклена тегла.

Кога течноста потполно ќе се излади, намачкајте две парчиња памук и ставете ги потоа под очите. Оставете да делуваат десетина минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Повторувајте ја постапката секојдневно, сè додека не забележите позитивни резултати.
Маската чувајте ја на темно и ладно место, најдобро во фрижифер.

Зошто токму оваа маска?

Сите состојки изобилуваат со витамин К кој е заслужен за здрава кожа под очите. Одличен е и за отстранување на видливите капилари. Исто така го намалува наталожувањето на крвни садови под очите што е причина број еден са појава на темни кругови.

Најдобар извор на овој моќен витамин се: сите видови на лековити билки, темно-зелениот лиснаст зеленчук, брокулата, црвената и чили пиперката.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o