Беласица на втората позиција во Втората лига – Исток

Беласица во 7. коло од Втората лига – Исток запиша нова и убедлива победа над екипата на Питу Гули од Крушево со високи 0:8. Во досегашниот тек од сезоната Беласица има шест сезонски победи и еден пораз.

Беласица - Осогово - Струмица - 6 коло ВМФЛ -Исток

Тиквеш во Кавадарци со минимални 1:0 го победи Кит-Го, Брегалница со 3:0 славеше над Победа од Прилеп, Осогово во Кочани со 0:4 беше декласиран од Кожуф, додека Плачковица со 0:2 беше надиграна на домашен терен од Каменица Саса.

По 7 одиграни кола, Тиквеш со 19 бодови е лидер на табелата, Беласица е втора со 18 бодови, додека Кожуф со бод помалку е трет на табелата. Брегалница од Штип е четврта со 14 бодови, Кит-Го Пехчево со 9 бодови е на петтото место на табелата. Каменица Саса со 7 бодови е на шесттото место, Победа од Прилеп е седма со 6 бодови, Плачковица е осма со 4 бодови, Осогово со 3 бода е деветти на табелата, додека на последното десетто место е Питу Гули со исто така 3 освоени бодови.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра дерби натпревар со Брегалница, Каменица Саса силите ќе ги одмери со Кит-Го, Победа ќе биде домаќин на Тиквеш, Кожуф во Гевгелија ќе го пречека Питу Гули, додека Плачковица ќе игра против Осогово во Радовиш.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o