Академија Пандев на второто место во Првата лига

Фудбалерите на Академија Пандев на домашен терен ја запишаа својата петта сезонска победа, откако со 2:0 го совладаа Силекс од Кратово во натпревар од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А. Пандев - Силекс - Струмица 9.коло ПМФЛ

Шкендија на домашен терен одигра 0:0 со лутиот ривал Вардар, а исто така 0:0 одиграа Македонија ЃП и Шкупи. Во Велес паднаа 5 гола, Борец со 3:2 ја совлада Струга Трим Лум. Во петокот Работнички со минимални 1:0 ја совлада Ренова.

Лидер на табелата е Вардар со 20 бодови, Академија Пандев е втора со 18 бодови, Македонија ЃП која е трета има 15 бодови. По 13 бодови имаат Шкупи кој е четврт и Ренова која е петта на табелата. Актуелниот шампион Шкендија има 11 бодови и е на шесттото место на табелата, додека Работнички кој е седми има 10 бодови. Силекс со 9 бодови е на осмото место, Струга Трим Лум со 8 бодови е на деветтото место, а исто толку бодови има и Борец кој е на последното десетто место.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување во Тетово кај Шкендија, Силекс на домашен терен ќе игра против Ренова, Работнички ќе ја пречека Струга Трим Лум, Борец на свој терен ќе игра против Шкупи, Македонија ЃП ќе има тежок натпревар против лидерот на табелата Вардар.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o