Ѓорги Стоилов од Академија Пандев повикан во сениорската репрезентација на Македонија

Фудбалерот на Академија Пандев, Ѓорги Стоилов е повикан во сениорската репрезентација на Македонија.

Ѓорги Стоилов - Академија Пандев

Селекторот Игор Ангеловски дополнително го повика Стоилов, на местото на повредениот Енис Барди за натпреварите против Словенија и Полска.

Покрај Стоилов за сениорската репрезентација на Македонија, повикан е и Љупче Дориев. Двајцата фудбалери вчера беа стрелци на головите за Академија Пандев против Силекс, а од утре ќе ги бранат боите на националниот дрес.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o