Академија Пандев го победи Силекс

Академија Пандев забележа победа против Силекс од Кратово со 2:0, на стадионот “Благој Истатов” во Струмица, во натпревар од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А. Пандев - Силекс - Струмица 9.коло ПМФЛ

“Пандевци” со оваа победа остануваат на второто место на табелата со 18 бодови и имаат негатива од 2 бода во однос на лидерот на табелата Вардар. Силекс по поразот во Струмица сега е на осмото место на табелата со 9 освоени бодови.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување во Тетово кај актуелниот шампион Шкендија. Тетовчани на овој натпревар ќе ја користат можноста за да им се реваншираат на “Пандевци” за поразот во првото коло во Струмица од 1:0.

Лидер на табелата е Вардар со 20 бодови, втора е Академија Пандев со 18 бодови, додека трета е Македонија ЃП со 15 бодови. На долниот дел од табелата се Борец и Струга Трим Лум со по 8 бодови, а на осмото место е Силекс со 9 бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o