О2 – Антиоксиданс диета

Може слободно да престанете да ги броите калориите и да држите диети кои ве изгладнуваат. Наполнете ја чинијата со антиоксиданси и слабејте, при тоа нема ни да забележите дека сте под некаков режим на исхрана.
antioksidans_dieta
О2 диетата се практикува 32 дена, со четири дневно чистење. Диетата се состои од три фази.

ПРВА ФАЗА. Јадете ја истата храна четири дена. Ова е фаза на чистење. Појадок: едно јајце и плус три жолчки зачинети со босилок, зелен чај и вода со лимон. Меѓу оброк: јаболка Ручек: спанаќ салата, зачинета со оцет, 120 гр риба и вода со лимон Меѓу оброк: артичок приготвен на пареа и зелен чај Вечера: салата од зеленчук или зелена салата, 120 гр риба, боровинки, вода со лимон.

ВТОРА ФАЗА. Оваа фаза трае две недели, меѓутоа ако сакате да ослабете повеќе може да ја продолжите оваа фаза. Внимавајте во оваа фаза да јадете природна храна. Појадок: една праска, 170 мл јогурт со ниска масленост Меѓу оброк: целер со две мали лажички путер и цимет. Ручек: салата од авокадо, целер, домати Меѓу оброк: 170 мл јогурт со ниска масленост, 60 мл сок од калинка и пола шоља поровинки Вечера: Лосос

ТРЕТА ФАЗА: Ова е последна фаза која трае две недели и е многу слична на втората фаза. Во оваа фаза може да јадете повеќе свежо овошје, секој ден. Може да го користите менито од втората фаза. Во првата фаза може да изгубите 1 до 2,5, а после тоа може да се губи по 1 кг неделно.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o