Најдобрите чаеви за брзо и здраво слабеење

Чаевите се богати со антиоксиданси и многу здрави состојки, токму и затоа тие се совршен избор за оние кои сакаат да ослабат. Само неколку чаши чај дневно ќе направат чудо за вашата линија.chaj_hibiskus

Во комбинација со здрава храна, овие чаеви ќе ви помогнат да ги отстраните вишокот килограми и да се чувствувате здрави и полни со енергија.

Ова се најдобрите чаеви за слабеење:

1. Зелен чај

Зелениот чај содржи кофеин, кој го забрзува согорувањето на мастите, а тој важи и за еден од најздравите пијалаци поради високата содржина на антиоксиданси. Се препорачува 3 до 5 чаши дневно, но никако не ја поминувајте таа граница, во спротивно тој може да му наштети на вашиот организам.

2. Чај од боровинки

Овој чај го намалува апетитот, односно ве држи сити подолго време и го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Неколку чаши чај од боровинки дневно ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе ви помогнат побрзо да ги отстраните вишокот килограми.

3. Чај од хибискус

Го намалува нивото на холестерол и се бори против високиот крвен притисок, овој чај го спречува собирањето на масни наслаги, но при купување внимавајте да не земете чај што содржи додатни шеќери.

4. Чај од Нане

Доколку ве мачи подуеност, пијте чај од нане. Тој ќе ви помогне да ги намалите килограмите и ќе ве држи сити подолго време.

5. Чај од ружа

Богат е со витамини, антиоксиданси, а помага и при менструални грчеви. Овој чај е одличен за слабеење, го чисти организмот и ги намалува симптомите на стрес.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o