Трикови за неверојатен пушап-ефект!

Во оваа доба од годината многу жени носат капи и шапки, кои ја слепуваат косата. Сепак со примена на одредени техники на фенирање на косата можете да ѝ го обезбедите потребниот волумен и да ја одржите саканата фризура.kosa_volumen1

Сè што ви е потребно е шампон за поголем волумен, регенератор за тенка коса или хидратантен балсам за сува и кадрава коса. Освен тоа, неопходни ви се фен, голема тркалезна четка и самолепливи папилотни.

Благодарение на овие едноставни трикови, ќе постигнете двоен волумен при фенирање

Подготовка

По миење, во целата коса втријте лосион што ќе ја заштити од дејството на топлината, а потоа исчешлајте ја. Извадете го додатокот од фенот, косата префрлете ја преку глава и сушете ја од коренот кон краевите. Постапката прекинете ја кога косата е 80% сува – така ќе го намалите штетното дејство на топлината.

Виткање

Косата разделете ја во четири дела – заден дел, на врв на главата и од двете страни. Секој дел навиткајте го со самолеплива папилотна кон внатрешната страна. Немојте да ги фиксирате со шноли, бидејќи тоа ќе ви ја прекрши косата. Ако имате шишки, пуштете ги слободно да паѓаат на челото. Подоцна можете да ги исушите.

Обликување

Вратете го додатокот на фенот. Отстранете една папилотна и чешлајте ја косата додека ја сушите, притоа виткајќи ги краевите кон внатре. Постапката повторете ја при сушење на секој дел од косата, како и со шишките. Накрај, исушете ја косата на врвот на главата. Кога ќе ја повлекувате четката кон краевите на косата последен пат, праменот цврсто завиткајте го и оставете го така неколку минути. Почекајте косата да се излади, па отстранете ја четката.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o