Спартмани против Слога во 4. коло од Третата лига – Југоисток

Екипата на Спартмани во недела ќе игра против Слога од Виница, во натпревар од 4. коло од Третата лига – Југоисток.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Гостите од Виница на овој натпревар ќе важат за апсолутни фавороти за победа, пред се поради далеку поквалитетната екипа, подобрата игра. Спартмани во првото и второто коло запиша убедливи порази, додека во третото коло беше слободен, Слога пак има максимални три победи, а во второто коло го доби и дербито со Василево со 0:2 на гостински терен.

Спартмани е на деветтото место на табелата без освоени бодови, додека Слога е на второто место со 9 бодови, исто колку што има Овче Поле кој е лидер на табелата и Тиверија која е трета.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o