Новите градинки во Куклиш и Муртино се во завршна фаза

Градоначалникот Коста Јаневски со соработниците изврши увид во завршните работи во градинките во населените места Куклиш и Муртино. Сите градежни активности се завршени, набавен е потребниот инвентар, објектите се оградени, се чека само решението за вршење дејност од Министерството за труд и социјална политика и истите да бидат ставени во функција.

-Имам задоволство да потенцирам уште еден важен сегмент во квалитетот на живеење во нашата општина. Тоа се градинките во населените места Куклиш и Муртино во кои се вршат последните дооформувања на амбиентот внатре и пополнување со се она што е потребно како инвентар во овие градинки, кои што ќе примат околу 86 наши дечиња, најмлади сограѓани, шеесетина деца во населеното место Куклиш и околу 26 деца во населеното место Муртино. Ова е еден убав проект. Очекуваме уште решение за вршење на оваа дејност, кое што треба да го издаде министерствто за труд и социјална политика и веднаш после тоа ќе можеме да ги примиме нашите најмали сограѓани од овие категории во овие убави објекти, рече градоначалникот Јаневски.71283819_2379553392098077_4991941325935869952_o 71500221_2379553282098088_4360392618719313920_o 72646682_2379553252098091_5481379731515375616_o 72694906_2379553292098087_845266438779305984_o

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o